списание | ср.

Периодично издание со повеќе соработници од определена област (наука, струка, забава итн.) оформено како книга. Месечно списание. Странско списание. Модни списанија. Стручни списанија.

списка | св.

Одеднаш почне да писка. Жената списка со очаен глас. Детето списка исплашено.

список | м.

Листа со имиња на лица или на предмети. Избирачки список. Список на исчезнати лица. Платни списоци. Список на канцелариски материјал.

спитомен | прид.

Што е направен питом, припитомен. Спитомено животно.

спитоми | св.

припитоми.

спица 1 | ж.

Дел од колце на запрежна кола што ја врзува главината со наплатите.

спица 2 | ж.

Ситно и многу остро парче дрво што лесно влегува под кожата и предизвикува силна болка. Спица од штицата му влегла под ноктот.

спицарија | ж.

Аптека.

спија | ж.

Обично во изразот: прва спија ‒ прв сон.