спида | ж.

Ветер што врти во круг, силен ветер; лошо време, невреме.

спие | несв.

Се наоѓа во состојба на сон. Таа ноќ спиев со децата. Тој ретко спиеше дома. Пак не си спал од болеста. Спиј, чедо, спиј!

спика | св.

Стави во нешто тесно со притискање, насила. Детето ги спика работите в џеб.

спикер | м.

Тој што чита текст пред микрофон на радиостаница или на телевизија. Спикерот ги читаше најновите вести.

спикира | несв.

Работи како спикер. Таа спикира во Македонското радио.

спила | м.

Стрмна, висока и остра карпа. Варовита спила. Спили од вулканско потекло.

спилест | прид.

Што се состои од спили. Спилест брег. Спилеста страна од ридот. Спилести планини.

спипиле | ср.

Тој што често спие, што е склон кон спиење.

спирала | ж.

(мат.) Крива линија што образува низа извивки околу една точка или оска.

спирален | прид.

Што е во форма на спирала. Спирална линија. Спирална пружина. Спирални скали.