спијач | м.

Тој што спие многу; спанко.

сплав | м.

Пловно средство, што се движи обично по река, направено од преплетени греди и сл. Сплав од бамбусова трска.

сплавар | м.

Тој што управува со сплав.

сплавари | несв.

Плови, превозува со сплав. Тој сплавареше со туристи по реката.

спласне | св.

За оток или за нешто подуено ‒ попушти, ослаби. Отокот на коленото спласна. Образите му спласнале, подбрадокот му се спуштил.

спласти | св.

Собере, сложи во пластови; Селаните го спластиле сеното.

сплеска 1 | св.

Со удар или притисок направи нешто плоскаво, смачка. Му го сплеска носот.

сплеска 2 | св.

Одеднаш почне да ракоплеска;

сплескан | прид.

Што е плоскав, обично од удар или притисок. Сплескан шлем. Сплескана чинија. Сплескан нос.