саморазвиток | м.

Умствен или физички развиток со сопствен труд, без туѓа помош. Саморазвиток на личноста. Саморазвитокот се одвиваше заедно со исполнувањето на животните цели.

саморанување | ср.

Ранување на самиот себе. Се случија неколку саморанувања при чистење на оружјето.

самораспушти се | св.

Се распушти самиот. Собранието се самораспушти.

самореклама | ж.

Рекламирање, фалење на самиот себеси. Работеше и живееше скромно, далеку од самореклама.

саморекламер | м.

Човек што самиот си прави реклама себеси. Тој е самобендисан саморекламер.

саморекламерство | ср.

Склоност кон рекламирање на самиот себе. Саморекламерството како да стана мода.

саморекламира се | св. и несв.

Се рекламира самиот себеси. Нивната организација се саморекламира во секоја пригода.

самороден | прид.

Чист, во чиста состојба, без примеси. Самородно злато.