Самос | м.
Грчки остров во Егејско Море.
самосвесен | прид.
Што е свесен за самиот себеси, за својата вредност, самоувереност. Самосвесна личност. Самосвесна девојка.
самосвест | ж.
Свест за самиот себеси, за сопствената вредност, самоувереност. Изградена самосвест. Длабока и јасна самосвест.
самосвести се | св.
Стане самосвесен.
самосвоен | прид.
Што има свои посебни карактеристики; посебен, специфичен. Самосвоен стил. Самосвоен опус. Во целокупната литература тој зазема самосвојно место.
самосовладување | ср.
Совладување на самиот себеси. Неговото самосовладување одаваше впечаток на рамнодушност. Го напушташе мирот и самосовладувањето.
самосожали се | св.
Се сожали самиот себеси.
самосознавање | ср.
самосознание | ср.
самост | ж.
Осаменост, самотија. Старечка самост. Тивка самост крај реката.