спондеј | м.

Двосложна ритмичка стапка со нагласени (долги) слогови.

спондилоза | ж.

Заболување кое настанува поради дегенеративни промени на 'рбетот. Вратна спондилоза. Лумбална спондилоза. Грбна спондилоза.

спонзор | м.

Тој што спонзорира; дарител.

спонзорира | св. и несв.

Материјално помага, помогне некаква активност, поддржи, поддржува.

спонзорство | ср.

Дејност на спонзор; покровителство, материјална поддршка.

спонтан | прид.

Што се јавува сам од себе, без надворешни влијанија, природен, непринуден, непречен. Спонтан разговор. Спонтан отпор. Спонтан начин. Спонтана смеа. Спонтани реакции.

спопалави | св.

Направи палав, почне да се однесува немирно, палаво; спобудали, споулави. Виното и ракијата, а пред сè веселото друштво го спопалавеа.

спор | м.

Расправија, препирка. Жесток спор. Семеен спор. Ситни спорови. Сериозни спорови.