спомен | м.

Сеќавање на некого или на нешто. Незаборавен спомен. Непријатен спомен. Остана споменот за него. Спомени од младоста. Спомени од селото.

споменар | м.

Книга за запишување спомени, албум. Гимназиски споменар.

спомене | св.

При зборување или пишување, патем именува, наведе име на некого или на нешто. Го спомена името на домаќинот и побара да му отворат. Тој поцрвенуваше кога ќе го споменеа. Нема да споменат никакви пари. Тој случај толку пати го споменаа денес.

споменик 1 | м.

Архитектонско или скулптурно дело во спомен на некоја значајна личност или значаен настан. Споменик на Климент Охридски. Споменик на паднатите борци.

споменица | ж.

Книга издадена во спомен на некој настан или личност. Споменица на Институтот за македонски јазик. Споменица на ослободителите на градот.

споменичен | прид.

Што се однесува на споменик. Споменично обележје.

спомина | несв.