спора | ж.
Едноклеточен организам за бесполово размножување што е способен да преживее подолго време, во неповолни услови, кај голем број бактерии, растенија, алги, габи и сл.
спорадичен | прид.
Што се јавува, што се случува понекогаш, повремен, непостојан, случаен. Спорадичен пример. Спорадична мисла. Спорадична појава. Спорадично прашање. Спорадични сеќавања. Спорадични моменти.
споразумение | и.
Спогодба.
според | предл.
Сообразеност со некого или со нешто, усогласеност, заснованост. Постапка за избор според новиот Закон за високо образование. Плата според сработеното. Постапувајте според наредбите.
споредба | ж.
Споредување, сопоставување на едно нешто со друго за да се видат разликите и заедничките црти. Споредба на карактерот. При споредбата на двете песни се јавуваат разлики. Старецот правеше споредба на животот некогаш и денес.
споредбен | прид.
Што се засновува врз споредба; компаративен. Споредбен метод. Споредбена граматика. Споредбено проучување. Споредбени вежби.
спореден | прид.
Што не е основен, главен, што не е суштествен, небитен; Спореден влез. Спореден предмет. Споредна улица. Споредна функција. Споредни ликови.
спореди | св.
Сопостави за да утврди разлики или заеднички црти, направи споредба. Редакторот ја спореди старата верзија на текстот со новата. Комисијата ќе ги спореди тестовите со ист број бодови. Местото го споредив со родното село.
споредлив | прид.
Што може да се спореди. Споредлива тежина. Споредливи својства.
споредум | предл.