спорен | прид.
Што предизвикува спор, за кој се спори. Спорен момент. Спорна одлука. Спорно прашање. Спорно место.
спори | несв.
Води спор, спротивставува свое мислење, се расправа. Тој спореше со татко му по разни прашања. Споревме, но сепак се сложивме.
спорија | ж.
Печено семе од тиква.
спорт | м.
Физички вежби и игри за одржување на здравјето, за забава или заради натпреварување. Воден спорт. Зимски спортови. Активно се занимава со спорт.
спортист | м.
Тој што се занимава со спорт.
спортски | прид.
Што се однесува на спорт. Спортски натпревар. Спортски пренос. Спортски клуб. Спортска игра. Спортски трофеи.
спортува | несв.
Се занимава со спорт. Неговиот син учеше и спортуваше.
способен | прид.
Што има способност за нешто, надарен. Способен адвокат. Способна домаќинка. Способни актери.
способност | ж.
Дарба, надареност, талент.
спот | м.