спрета | св.

Направи брзи движења со телото (со рацете и нозете) за да се ослободи од нешто. Детето спрета под ќебето. Коњот спрета со нозете и висна.

спречен | прид.

Што е оневозможен во извршување на нешто.

спречи | св.

Попречи, оневозможи нешто да изврши, не дозволи нешто да се случи. Работата ќе го спречи да замине на одмор со семејствто. Пожарникарите го спречија ширењето на пожарот.

спречка | св.

Предизвика караница, расправија. Ги спречкаа децата.

спреј | м.

Течност распрсната во многу ситни капки под притисок.

спржи | св.

(разг.) Приготви јадење со пржење, испржи. Таа спржи месо за ручек.

спринт | м.

Трчање со голема брзина на кратки патеки; забрзување на најголема можна брзина на натпревари при крајот на трчањето.

спринтер | м.

Тој што спринтува.

спринтува | несв.

Се занимава со спринт, трча на кратка патека.