спријатели | св.
Спои со некаква духовна врска, зближи, здружи. Ги спријатели љубовта кон книгата. Туѓината ги спријатели двете семејства.
спрли | св.
спрлна | прид.
За магарица ‒ што носи плод, што треба да се опрли.
спроведе | св.
(разг.) Одведе некого на определено место. Го спровеле в затвор.
спроведлив | прид.
Што може да се спроведе, изводлив, остварлив. Спроведлив план. Спроведливи решенија.
спровира | несв.
спровне | св.
спровод | м.
Група луѓе што спроведуваат некого. Мртовечки спровод. Со тажна музика спроводот тргна. Со спровод го донесоа во градот.
спроводен | прид.
Што спроведува нешто. Спроводен канал. Спроводна жица.
спроводлив | прид.
Што може да спроведе енергија, вода и др. Спроводлива жица.