самостоен | прид.
Што не е потчинет или зависен од некого или од нешто; независен. Самостојна држава. Самостојна црква.
самострел | м.
Рачно ладно оружје за борба, лов и спорт со кое се исфрлаат стрели и кугли.
самосугестија | ж.
Сугестивно влијание врз самиот себеси; Си влијаеше со самосугестија. Со самосугестија ја надмина кризата.
самота | ж.
Осаменост; Убиствена самота. Страв од самота.
самотвор | м.
Што е создаден сам од себе, независно од надворешните влијанија.
самотворен | прид.
Што се однесува на самотвор.
самотен | прид.
Што живее сам, одделен од луѓето. Самотна калуѓерка. Самотен странец.
самоти 1 | прил.
За потсилување на предлогот во состави со значење на близина, многу блиску по место или време: веднаш до, сосема до, токму на. Се судриле на самоти раскрсница. Ја дотера колата до самоти порта. Се родила на самоти Велигден.
самоти 2 | чест.
На почеток на реченица за да се искаже неодобрување на нечија постапка, со значење сè туку. Самоти седи и ништо не прави. Самоти ломоти.
самотија | ж.
Живот во осаменост, без општење со луѓето. Затворска самотија. Се плаши од самотија. Живее во самотија.