срастенка | ж.
Сложен збор што се формира со непосредно срастување на два збора, при што се чува меѓусебниот синтаксички однос на зборовите и нивните флексиски елементи.
срба | несв.
србизам | м.
Заемка од српскиот јазик.
србизира | св. и несв.
Посрби, посрбува некого.
Србија | ж.
Држава во Европа.
србне | св.
срдба | ж.
Состојба на тој што е срдит или на пројавено незадоволство, лутина, гнев, јарост. Го обзела силна срдба. Нема срдба и горчина во тебе! Глас без срдба.
срдеж | м.
срдечен | прид.
За човек ‒ добар, мил, љубезен. Срдечна личност.
срдешница | ж.
Пролив, дизентерија.