срди | несв.

Предизвикува некому срдба, исполнува некого со срдба, разгневува, лути, јадосува. Лошото однесување многу го срдеше.

срдит | прид.

Што е исполнет со срдба, што чувствува срдба кон некого, лут, гневен, бесен. Срдит човек. Срдити деца.

срдлив | прид.

Што се срди лесно.

сребрар | м.

Тој што изработува накит и други предмети од сребро.

сребрее | несв.

За коса, брада и сл. ‒ почнува да белее, побелува, станува сед. На татко ми му сребрее косата.

сребрен | прид.

Што е изработен од сребро, што е посребрен или што е извезен со сребро. Сребрен прстен. Сребрени пафти. Сребрен медал. Сребрена статуа. Кошула со сребрен шев.

сребренест | прид.

Што има боја како сребро, што е како сребро. Сребренеста светлина. Сребренести бранови.

сребреник | м.

(арх.) Сребрена пара.