срамоти | несв.

Нанесува некому срам. Таа се колнеше во него, а тој ја срамотеше секаде.

срамувалка | ж.

Дел од невестинска народна носија, невестински вел.

сраснатост | ж.

Состојба на тоа што е сраснато.

срасне | св.

Се поврзе, се соедини, се спои во процесот на растење, на обновување, зарасне, прирасне. Калемот на јаболкницата срасна добро. Скршените коски му сраснаа брзо.