средно- | претс.

Како прв дел од сложениот збор може да означува: а) дека нешто се наоѓа во средината на тоа што е именувано со вториот дел (средновечен, средноноќен, среднорочен); б) дека е среден, просечен во нешто според вториот дел од сложениот збор (средноимотен, среднодимензијален, среднораст, среднорочен).

средно | прил.

Во просек, еднонадруго. Се капеше во езерото средно двапати на ден.

средновековен | прид.

Што се однесува на средновековието. Средновековен споменик. Средновековна писменост. Средновековни записи.

средновековие | ср.

Епоха што го опфаќа средниот век

средногодишен | прид.

Што е на средни години од човечкиот живот; средновечен. Средногодишен работник. Средногодишна возраст.

среднодимензијален | прид.

Што е со средни, просечни димензии. Среднодимензијална труба.

средноимотен | прид.

Што е средно, просечно имотен во однос на другите. Средноимотно благородништво. Средноимотни класи.

среднораст | прид.

Што е со среден, просечен раст.

среднороченсреднорочниот | прид.

Што се дава за или се предвидува на среден рок. Среднорочен план.

средношколец | м.

Ученик во средна школа, во средно училиште.