средноќ | прил.

Средина на ноќта; полноќ.

средноќен | прид.

Што се однесува на средноќ, што се случува на средноќ. Средноќен минувач. Средноќна тишина.

средобежен | прид.

Што бега при вртењето од средината, од центарот кон периферијата, центрифугален.

средовечен | прид.

За човек - што е на средни години. Средовечен човек.

Средоземно Море | ср.

Море помеѓу Европа, Азија и Африка.

средопосен | прид.

Што се однесува на средопост. Средопосен петок.

средопосница | ж.

Средопосна недела.

средопост | м.

Средина на постот.

средорек | м.

Место меѓу ракави на река, речен остров.