средина 2 | ж.

Збир од природните животни услови на живиот свет. Природна средина. Здрава еколошка средина.

средишница | ж.

Во шахот ‒ средишниот дел од играта.

средиште | ср.

средина2. (прен.) Значајно место на некаква дејност. Културно средиште. Религиозно средиште.

средиштен | прид.

Што се однесува на средиште; централен. Средишниот дел.

средлетен | прид.

Што се однесува на средлето, што се се случува средлето. Средлетна безветрина.

средлето | ср.

Средина на летото.

Средна Азија | ж.

Географски регион во Азија, го опфаќа централниот дел на континентот, т.е. азискиот дел на Русија, како и државите што се граничат со неа.

Средна Америка | ж.

Дел од американскиот континент, помеѓу Мексико и Јужна Америка, како и островите од Карипското Море.

средник | м.

Селанец со мал имот што го обработува сам.

среднист | м.

Тој што е со средно образование.