средочен | прид.

Што се однесува на среда. Средочни пости.

средство | ср.

Предмет, направа, орудија и сл. за остварување нешто. Нагледно средство. Заштитно средство. Средство за работа. Превозно средство. Средства за вооружена борба. Средства за јавно информирање.

средувач | м.

Тој што средува нешто.

среже | св.

Со режење оддели, одреже, отсече. Денес срежете ја пченката! Ги срежав младите фиданки. Џелатски му ја срежа главата на заложникот.

срете | св.

сретка | ж.

Мекиот дел од лебот; 2, срединка; Јадеше само сретки, корките ги дробеше во млеко.

сретне | св.

При движење види некого, обично човек, се состане со некого што обично доаѓа од спротивен правец, во пресрет. На улица ја сретнав сосетката. На патот сретна куче.

сретпат | м.

Средина на патот. На сретпат го сретнав.

сретполе | ср.

Средина на полето.

сретсело | ср.

Средина на селото.