срони | св.
Оддели мал дел од нешто со ронење (земја, камен и сл.); одрони, изрони. Старецот срони неколку грутки земја. Водата ја срони земјата. Детето срони неколку зрна од гроздот. Срони ги зрната од пченката во кошот!
срочен | прид.
Што се извршува брзо, без одлагање, што е со определен рок.
срочиште | ср.
срп | м.
Направа за рачно жнеење со рачка и метален остар дел во форма на полумесечина. Остар срп. Жетвари со српови на рамо.
српест | прид.
Што има форма на срп. Српест клун. Српеста месечина.
срповиден | прид.
српообразен | прид.
срска | несв.
Одеднаш почне да 'рска.
срскоти | св.
Одеднаш почне да 'рскоти.
срт | м.
Горен дел од планина, рид и сл.; гребен. Горски срт. Снежен срт. Голина со карпести сртови. Планина со високи сртови.