срмоса | св.
Украси, извезе со срма. Го срмоса невестинскиот елек.
срна | ж.
Вид елен со вито тело, долги нозе, крупни очи и жолто-кафеаво крзно; Cernus capreolus.
срндак | м.
Мажјак на срната.
срнешко | ср.
Месо од срна.
сроден 1 | прид.
Што е свикнат на нешто, што е соживеан со нешто. Тој е сроден со планината.
сроден 2 | прид.
Што е близок со некого или со нешто по потекло. Сроден јазик.
сроди | св.
Направи некој да стане роднина некому преку брачна врска. Го сродија со најбогатата фамилија во селото.
сродник | м.
Тој што се наоѓа во сродство со некого; роднина. Близок сродник. Крвни сродници.
сродство | ср.
Однос меѓу луѓе што се поставува по потекло од блиски или подалечни предци, роднинска врска, роднинство. Блиско сродство. Крвно сродство.
срок | м.