самотник | м.
Тој што живее во самотија. Старец самотник. Разочаран самотник. Самотник на своето време.
самотнички | прид.
Што се однесува на самотник. Самотнички живот.
самоток | м.
Првото вино што се добива пред ферментација на грозјето. Вкусен самоток.
самотува | несв.
самоубеден | прид.
Убеден во себе; Самоубеден во својата способност.
самоубедување | ср.
Убедување на себеси, самоубеденост, самоувереност.
самоубие се | св.
Убие себеси; изврши самоубиство. На крај главниот лик се самоуби. Борците се самоубиле за да не паднат во рацете на непријателот.
самоубиец | м.
Тој што извршил самоубиство. Бомбаш самоубиец. Пилот самоубиец.
самоубиствен | прид.
Што има особини на самоубиство; опасен за себеси. Самоубиствен напад. Самоубиствено решение. Самоубиствени мисли.
самоубиство | ср.
Одземање на сопствениот живот. Фанатично самоубиство. Обид за самоубиство.