самоуважение | ср.

Уважение кон себеси, сопствената личност. Чувство на самоуважение.

самоуверен | прид.

Што е уверен во себеси, во сопствените способности и квалитети. Самоуверена девојка. Самоуверен раководител 2. Што покажува, што сведочи за увереност во себе. Самоуверен тон. Самоуверено држење.

самоуверување | ср.

Верување во себеси;

самоук 1 | м.

Тој што научил нешто сам, без помош од некого или без школување. Некои самоуци се добри колку и образованите.

самоук 2 | прид.

Што научил нешто сам. Самоук бербер. Самоука шивачка.

самоукине се | св.

Се укине самиот себе. Комисијата се самоукина со таа одлука.

самоуништи се | св.

Уништи себеси.

самоуништувачки | прид.

Што се однесува на самоуништување. Самоуништувачки постапки.

самоуправа | ж.

Право на организација или заедница (општина, град, реон и др.) самостојно да управува со внатрешните работи; автономија. Локална самоуправа. Градска самоуправа. Црковна самоуправа.