стави 1 | св.

Кладе нешто на определено место или во определена положба. Стави котел со вода на оган. Стави камчиња во саксијата. Свештеникот ги стави венците на глава.

стави 2 | св.

Придонесе да се сретне некој со некого. Да гледаме да ја ставиме со момчето.

ставит | прид.

Убаво развиен, строен. Ставито момче.

ставка | ж.

(екон.) стапка.

ставрофор | м.

Во православната црква ‒ постар свештеник по чин; протојереј, протопрезвитер.

ставјало 2 | ср.

Направа со која се запира движењето на валавицата.