самоуправен | прид.

Што се однесува на самоуправа. Самоуправен орган. Самоуправни единици.

самоуправува (се) | несв.

Управува сам, самостојно.

самоуправувач | м.

Тој што учествува во самоуправување.

самоуправување | ср.

Глаголска именка од самоуправува.

самофалба | ж.

Фалба на себеси. Празни самофалби.

самофалбаџија | м.

Тој што се фали самиот себеси. Од него поголем самофалбаџија немам сретнато.

самофалбен | прид.

Што се однесува на самофалба.

самофалство | ср.

Особина на тој што самиот себеси се фали. Проѕирно самофалство. Се внесе во самофалство.

самофинансира се | св. и несв.

Се финансира самиот себе. Се самофинансираше за време на целото школување.