стенографира | св. и несв.

Запише, запишува нешто со стенографско писмо.

стенографија | ж.

Начин на пишување, вид писмо со поедноставени знаци за букви, слогови и одделни зборови заради побрзо бележење на одреден исказ.

стенодактилограф | м.

Стенограф што е и дактилограф.

стеноза | ж.

Стеснување на канали или отвори поради некоја болест.

стенокардија | ж.

Напад на болка во градите со чувство на задушување и иманентна смрт, срцева болка.

стенотип | м.

Машина за стенографирање.

степ | м.

Вид танцов чекор.

степа | св.

Направи некој со некого да се тепа, предизвика тепачка. Тој ги скара и ги степа другарите.

степа | ж.

Големо рамно пространство прекриено со трева и ниски грмушки во предели со континентална и суптропска клима.