стемни се | глаг.

Стане темница, се смрачи; се раздени. Се стемни, прст пред очи не се гледа. Надвор се стемнило.

стен | м.

Звук што изразува болка, јачење.

стена | ж.

карпа.

стенка | несв.

Испушта гласови како израз на болка, воздивнува болно, јачи, офка. Повредениот се превиткуваше и стенкаше. Старицата тивко стенка во постелата. Луѓето стенкаа и умираа од болка.

стено- | претс.

Како прв дел од сложенки со значење тесен, збиен: стенограм, стенограф, стенографија, стенодактилограф, стенокардија, стенотип.

стеновит | прид.

стенограм | ж.

Текст забележан со стенографско писмо; таков текст пренесен на обично писмо

стенограф | м.

Тој што пишува со стенографско писмо.