стереотипен | прид.
Што е напечатен со стереотип.
стереотипија | ж.
Процес на изработување стереотипи или клиширани плочи.
стереоуред | м.
Направа за пренесување на стереозвук.
стереофонија | ж.
Начин на снимање, пренесување и репродукција на звук.
стерилен | прид.
Што не е способен за размножување, неплоден.
стерилизатор | м.
Направа за стерилизирање.
стерилизациски | прид.
Што е наменет за стерилизација
стерилизација | ж.
Постапка за уништување на штетните микроорганизми. Термичка стерилизација. Сува стерилизација.
стерилизира | св. и несв.
Изврши, врши стерилизација, уништи, уништува штетни микроорганизми.
стерилизиран | прид.
Што е подложен на стерилизација, лишен од штетни микроорганизми. Стерилизирана просторија. Стерилизирана игла. Стерилизирано млеко.