стерилитет | м.
Неплодност, јаловост, стерилност.
стерлинг | м.
Во составот фунта стерлинг ‒ парична единица во Велика Британија.
стесни | св.
Направи нешто да стане потесно. Шивачката ги стесни ракавите од палтото. Соседот го стесни балконот.
стетограф | м.
Направа за графичко претставување на дишењето.
стетографија | ж.
Бележење, мерење на дишењето со помош на стетограф.
стетоскоп | м.
Лекарска слушалка, инструмент за преслушување на срцето и белите дробови.
стетоскопија | ж.
Лекарски преглед, лекарско испитување со стетоскоп.
стечаен | прид.
Што се однесува на стечај. Стечајна постапка. Стечајна маса.
стечаец | м.
Вработен во фирма што е под стечај, стечаен работник.
стечај | м.
(екон.) банкрот_1