стопи | св.
Доведе во течна состојба (снег, мраз и сл.). Сонцето брзо го стопи снегот. Топлиот воздух го стопи мразот.
стопира | св. и несв.
Запре, запира, задржи, задржува, прекине, прекинува. Тие ги стопираа преговорите со раководството на фабриката. Ја стопиравме изградбата на тој градежен објект.
стопли | св.
Направи нешто да стане топло; загрее, затопли. Мајката го стопли млекото. Децата си ги стоплија рацете со триење. Сонцето ја стопли водата во коритото. Топлиот чај ме стопли.
стопроцентен | прид.
сторение | ср.
сторенија | ж.
Тоа што се случило; настан, случување. Во сите тие сторенија имаше и по нешто добро.
стори | св.
Направи, сработи. Така тие сториле. Нема да го сторам тоа, за ништо на светот. Тој не стори ништо. Што сторивме во годините што поминаа? Таа жена ми сторила голема добрина.
сторија | ж.
Приказна за некој настан, случка. Сторија за загинувањето на војводата. Тоа е неговата животна сторија.
сторител | м.
Тој што извршил некакво дело, обично нешто негативно поврзано со криминал. Сторител на кривично дело. Сторителите ќе бидат казнети според законот.
сторнира | св. и несв.
Во книговодството ‒ укине, укинува веќе книжена ставка, пренесе на друга сметка; поништи некоја постапка. Ја сторнира купопродажбата на објектот.