стопанин | м.
стопанисува | несв.
Води стопанство, стопанска организација, со работа стекнува добивка од нешто. Отвори дуќан и почна да стопанисува. Тој стопанисува со кравите.
стопаница | ж.
стопанлак | м.
стопански | прид.
Што се однесува на стопанство. Стопански живот. Стопанска гранка. Стопански мерки. Стопанска криза. Стопански криминал.
стопанственик | м.
Деловен човек што располага со средства за производство и капитал, што води или учествува во водење на стопанството, на стопанска организација. Видни стопанственици. Собир на стопанствениците од нашиот град.
стопанственички | прид.
Што се однесува на стопанственици.
стопанство | ср.
Целокупност на производните и непроизводните дејности во сферата на материјалното производство, односно сферата на општествена репродукција, како материјалното производство така и прометот. Пазарно стопанство. Планско стопанство. Социјалистичко стопанство. Капиталистичко стопанство.
стопаре | ср.
Половина динар, педест пари.
стопати | прил.
Многу пати, често. Стопати ти реков. Сто пати се покајав што дојдов