сточарски | прид.

Што се однесува на сточар и на сточарство. Сточарски села. Сточарска терминологија. Сточарски населби.

сточарство | ср.

Стопанска гранка во која главна дејност е одгледување домашни животни (говеда, свињи, овци, живина и др.) и нивно стопанско искористување. Тие се занимавале со сточарство.

сточен | прид.

Што се однесува на стока; добиточен. Сточна храна. Сточен фонд. Сточен пазар.

сточлен | прид.

Што има сто члена.

стојалиште | ср.

Место каде што се стои. Се одморија на стојалиштето меѓу двата ката.

стојалка | ж.

Дрвена направа што служи за учење на мали деца да одат; дубалка. Детето веќе стои во стојалката и гуга.

стојност | ж.

Вредност. Поетски стојности. Креативни стојности. Уметничка стојност.

страв | м.

Силно чувство на неспокојство проследено со бурни манифестации на телото, треперење, потење и сл. предизвикано од реална или вообразена опаснот, заплашување, несреќа и др. Ја фати страв дека ќе падне. Го фати страв од луѓето што влегоа во собата. Му беше страв од крадци. Паничен страв. Страв ми е да спијам во темница. Се препоти од страв.

стравлив | прид.