стрелест | прид.
Што е во облик на стрела. Стрелест лист.
стрелец | м.
Лице што е вешто во стрелање со пушка, пиштол или друго оружје. Врвен стрелец. Нема подобри стрелци од ловците.
стрелечки | прид.
Стрелечка линија. Стрелечки строј. Стрелечко одделение.
стреличарство | ср.
Спортска дисциплина во стрелање.
стрелиште | ср.
Отворен или затворен простор со цели за стрелање, место за вежбање или за натпревари во стрелање.
стрелка | ж.
Дем. од стрела. Со остра стрелка го погоди в око.
стрелка | несв.
Погледнува повремено, фрла поглед. Го стрелкаше со прекори. Ја стрелка со живнатите очи.
стрелне | св.
Погледне остро, фрли поглед. Мајка è ја стрелна со погледот да молчи.
стреловиден | прид.
Стрелест; стреловит.
стреловит | прид.
Што е многу брз, како стрела. Стреловита брзина.