стрелуши се | несв.

Се потплаши, затрепери. Се стрелушеше од арамиите.

стрем 1 | м.

Коњска запрежна кола за превоз на патници и стока.

стрем 2 | м.

Ледина што е длабоко изорана.

стремеж | м.

Силна желба, напор да се направи, да се постигне нешто. Стремеж за самостојност. Нагласен стремеж кон перфекција.

стремен | м.

Вид узенгија. Ја стави ногата во стременот и го јавна коњот

стремење | ср.

Длабока обработка на почвата. Најпогодно време за стремење со машини е крајот на летото и почетокот на есента. Рачното стремење овозможува да се отстранат плевелите.

стреми | несв.

За нива ‒ обработува, чисти, длабоко ја копа. Почвата од парцелата ја стреми за лозје.

стреми се | несв.

Се обидува со сите сили; цели кон нешто. Се стреми кон совршенството. Се стремат да успеат.