стрвен | прид.

Што е граблив, жеден за крв, крволочен. Стрвни орли. Стрвни волци. Стрвен ѕвер.

стрви | несв.

Мами, намамува, ваби некого на стрв; настрви, острви. Ги стрви кучињата да нападнат. Ги стрви непријателите против мене.

стрвина | ж.

Стрвина на буниште.

стрвла | ж.

Лакома, ненаситна жена; лакомица, лакомка. Почекај малку, сите да седнат, стрвло една!

стрвло | м.

Лаком човек, лакомец, лакомник. Тој беше голем стрвло.

стрвник | м.

Месојадец, животно или птица што се храни со месо. Волци стрвници. Птици стрвници.

стрвница | ж.

Обично за животно што јаде месо. Таа година над селото се беше населила мечка стрвница.