стрепети | св.

Почне да трепети, стрепери. Од грмушката стрепети едно пиленце. Тој стрепети од ненадејна радост.

стрепка | св.

Почне да трепка, затрепка. Стрепка со очите.

стрептококен | прид.

Што се однесува на стрептококи. Стрептокна инфекција.

стрептококи | ж.

Бактерија што предизвикува гнојни и заразни болести.

стрес | м.

Состојба на голема исцрпеност на организмот поради претерана физичка или психичка оптовареност. Долго работи под стрес. Секојдневните стресови предизвикаат болест кај луѓето.

стресе | св.

Протресе нешто, затресе, истресе. Му ја стресе раката. Ја стресе јаболкницата во дворот. Го стресе за раменици.

стреска | св.

Наеднаш почне да треска. Стреска нешто во кујната.

стрескоти | св.

Одеднаш стропа, свика. Во кујната стрескотија садови. Една вечер стрескоти старецот: ‒ Прангите, брате!

стрефи | св.

Удри точно во нешто; погоди. Ама го стрефи, точно по глава.