строен | прид.
Што е убаво граден, што е складен, хармоничен. Стројна девојка. Стројна фигура. Стројна елка.
строи 1 | несв.
За војници и сл. ‒ реди, подредува во определен ред. Ги строи во две колони.
строи 2 | несв.
Посредува меѓу двајца за да стапат во брак; стројникува.
строи 3 | несв.
строител | м.
стропа | св.
Одеднаш почне да тропа; затропа. Го сардисаа селото и стропаа на портите. Тој стропа со двете нозе.
стропори се | св.
Се засили, се истопори, се исили. Се стропори да го удри.
стропоти | св.
Наеднаш почне да тропоти. Стропоти кога падна. Стропоти тропалото на портата.
стропјак | м.
строфа | ж.
Неколку стихови од песна поврзани во ритмичка и содржинска целина што понекогаш се римуваат; поетска мисловна и ритмичка целина. Детските песнички обично се во две строфи.