строшен | прид.
Што е истрошен, изронет, сронет. Строшени црешни. Строшени зрна грозје.
строши | св.
Иситни, изрони, направи трошки. Тој забите ги строшил.
строј 1 | м.
За војници и сл. ‒ впечатлив, подреден ред. Излезе од стројот. Секое утро војниците чекореа во строј.
строј 2 | м.
Договор за свршувачка. Ги направи сите адети околу стројот.
стројник | м.
Посредник меѓу двајца за да стапат во брак. Ја омажија со стројници. Седни за да ми седнат стројници.
стројниклак | м.
стројникува | несв.
Договара свршувачка меѓу двајца. Тој стројникуваше за ќерката на бакалот.
стројоса | св.
Договори свршувачка меѓу двајца. Ги стројоса младите.
стројува | несв.
Договара свршувачка меѓу двајца.
стрпи се | св.
Покаже трпение, се воздржи, се совлада. Тој се стрпи додека не го повикаа да влезе. Стрпи се, сега ќе ти дадам да јадеш.