струпи (се) | несв.

Се покрива со струпје. Се струпи на главата.

струплив | прид.

Што е покриен со струпје. Струпливо лице. Струплива глава.

струполи | св.

Урне нешто, направи да падне со шум наземи од високо или од положбата во која стои. Ги струполи камењата од врвот на планината.

струпјоса (се) | св.

Се покрие со струпје, стане струплив. Се струпјоса по целото тело.

стручен | прид.

Што се однесува на струка или на работно место. Стручна подготовка. Стручен испит. Стручна литература.

стручњак | м.

Лице што владее со стручни знаења од некоја област, специјалист за определена проблематика од областа за која е компетентен; експерт. Врвен стручњак во медицината. Истакнат земјоделски стручњак.

струшка | несв.

Стапките струшкаа бавно и рамномерно.

струшка | ж.

Направа за стружење тесто и сл. На масата имаше нож и струшка.