струма | ж.

Болест на штитната (тироидната) жлезда при што доаѓа до отекување на предниот дел од вратот; гушавост.

Струма | ж.

Река во Бугарија.

Струмица | ж.

Река во Македонија.

Струмица | ж.

Град во Македонија.

струна | ж.

Влакно од коњска опашка или грива.

струнар | м.

Занаетчија што прави торби, постилки и покривки од струни; мутавџија. Настасуваат од планините струнари со нови дисаѓи.

струнен | прид.

Што е направен од струна; козинав. Струнена вреќа. Струнени дисаѓи.

струненица | ж.

Струнена торба.

струп | ж.

Засушена кора од крв на рана; краста. Лицето му е покриено со струпје

струпа | св.

Собере нешто на куп; натрупа. Ги струпаа предметите во камионот.