струја | ж.
а) Движење на вода или воздух во определен правец. Дотекле студени струи. Воздушна струја. Подземни струи. б) Движење на големи водени маси, помалку или повеќе површински во езеро, море, океан во определен правец. Голфска струја.
струјоказ | м.
Апарат за мерење на брзината и правецот на струјата во море или река.
струјомер | м.
Апарат што ги мери количеството електрицитет и потрошувачката на електрична енергија.
стрча | св.
Дојде, стигне со трчање; дотрча. Стрча во приемната соба 2. Забрзано се упати негде; потрча. Девојката стрча по скалите.
стрчи | несв.
Стои прав, неналегнат. Му стрчи долгата брада.
стрчне се | св.
стршел | м.
стршен | м.
Крупен инсект од семејството оси со жолти и кафеави пруги со многу болен убод; Vespa crabro. Леле, како ги искасаа осите и стршните!
стршлен | м.
стубел | м.
Извор заграден со дрва, кладенец со корито за вода од кое се напојува добитокот.