студентарија | ж.
Студентска популација, студенти. Се собрала студентарија пред студентската менза.
студентски | прид.
Што се однесува на студент или што припаѓа на студент. Студентски стандард. Студентски живот. Студентски дом.
студентство | ср.
Сите студенти на еден универзитет, студентска младина. На последните настани, студентството реагираше со протести. Напредно студентство.
студенчиште | ср.
Студена почва.
студешница | ж.
студи | несв.
Е студено, ладно. Овие денови многу студи.
студија | ж.
Поголем научен или стручен труд, расправа што исцрпно обработува одредена тема, изнесува резултати од истражување, проучување на некое прашање. Студија за глаголските времиња. Опширна студија од областа на кибернетиката.
студио | ср.
Работна просторија на уметник или фотограф; ателје.
студиозен | прид.
Што е длабоко проучен, високо стручен, совесно напишан. Студиозен пристап. Студиозно проучување. Студиозни коментари.
студира | св. и несв.
Проучи, проучува нешто грижливо и продлабочено. Инспекторот долго ги студираше документите. Тој долго го студираше писмото. Ја студира ренесансната љубовна поезија.