стутали | св.

Завитка, свитка. Како клопче го стутали.

стутка | св.

Со туткање направи нешто да биде згмечено, собрано. Ги стутка парите во џебот. Го стутка писмото и го фрли во корпа. Лежејќи таа го стутка фустанот.

стуткан | прид.

Глаголска придавка од стутка.

стутулен | прид.

Глаголска придавка од стутули.

стутули | св.

Премногу свитка, завитка, згргури. Стравот го стутули крај куќарката.

стуфка (се) | св.

Одеднаш почне да (се) туфка. Стуфкаа жените кога видоа кој иде по патот.

стушен | прид.

Глаголска придавка од стуши.

стуши се | св.

Се наоблачи. Небото се стуши од сите страни, ќе врне.

стјуард | м.

Вработен во бродска или авиокомпанија што се грижи за потребите на патниците.

суб- | претс.

Прв дел од сложени зборови, најчесто од интернационализми со значење дека нешто е под, пониско од означеното: супстандарден, субалпски, субарктички, субантарктички, суптропски, или со значење помал: субатомски, супклеточен, субмикроскопски; дека е по својата положба понизок, дека е потчинет на некого или на нешто, дека не е главен, туку помал по својата важност или значење: супкултура, субордонација итн.