студенокрвен | прид.

Што има способност да ја менува телесната температура во зависност од температурата на средината;

студент | м.

Лице што студира на факултет или на висока школа. Редовен студент. Студент по медицина. Студент по информатика. Дипломиран студент.

студентарија | ж.

Студентска популација, студенти. Се собрала студентарија пред студентската менза.

студентски | прид.

Што се однесува на студент или што припаѓа на студент. Студентски стандард. Студентски живот. Студентски дом.

студентство | ср.

Сите студенти на еден универзитет, студентска младина. На последните настани, студентството реагираше со протести. Напредно студентство.

студенчиште | ср.

Студена почва.

студи | несв.

Е студено, ладно. Овие денови многу студи.

студио | ср.

Работна просторија на уметник или фотограф; ателје.

студиозен | прид.

Што е длабоко проучен, високо стручен, совесно напишан. Студиозен пристап. Студиозно проучување. Студиозни коментари.