саноќ | прил.
Цела ноќ, преку цела ноќ. Саноќ седам, Трено, саноќ мислам...
санс | м.
Вид игра со карти. Партија санс.
санскрит | м.
Древен јазик на индиската литература.
санскритист | м.
Лице што се занимава со проучување на санскрит.
санскритски | прид.
Што се однесува на санскрит; што е напишано на санскрит. Санскритски јазик. Санскритска песна.
санта | ж.
Огромна дебела плоча од мраз којашто плови по водена површина. Ледена санта. Сантата напукна. Бродот удри во санта мраз.
санти- | претс.
Претставка/префикс за образување на мерни единици, при што го означува стотиот дел од основната мерна единица: сантиметар, сантилитар и сл.
сантиграм | м.
Стоти дел од грам.
сантилитар | м.
Стоти дел од литар.
сантим | м.
Стоти дел од валутата франк.