суводолица | ж.

Сув дол, дол каде што има вода само од дожд или од снег. Во пролет низ суводолицата тече по малку вода.

сувожил | прид.

За раце и нозе ‒ што се слаби, исушени, со испакнати жили. Сувожилите раце му виснале покрај телото.

сувожилие | ср.

Сврзувачки жили на екстремитетите.

сувоземен | прид.

Што се наоѓа на копно, што се одвива по копно; копнен. Сувоземен пат.

суволик | прид.

Што е сув, слаб, испиен во ликот. Еден суволик човек влезе во кафеаната.

сувомесен | прид.

Што е од сушено, чадено месо. Сувомесни производи.

сувомразица | ж.

Студено време со мраз без снег; сув студ. Сувомразицата лошо ќе влијае на посевите.

сувопарен | прид.

Што е строго официјален, здодевен, студен, без топлина, живост. Сувопарен говор. Сувопарен извештај.

суворек | м.

Место, дол од пресушена река; суводолица. Тоа пусто село е меѓу два суворека стегнато, под ридови легнато.