суверен | прид.

Што има врховна, целосна и неограничена власт. Тој бил суверен владетел во земјата.

суверен | м.

Носител на врховната власт во една држава, врховен владар; монарх.

суверенитет | м.

Врховна, неограничена власт.

сувикав | прид.

Што не е сосема слаб, сув; сувичок. Сувикав старец.

сувичок | прид.

а) За човек ‒ што е слабичок. Сувичок старец. б) За предмети ‒ доста, прилично сув. Пиперките се некако сувички.

сувлест | прид.

Што е сувикав. Сувлест чиновник.

суво | ср.

Место каде што нема вода, кал и сл. копно, суша. Конечно бевме на суво.

суводолен | прид.

Што се однесува суводол, суводолица. суводолец,