сувотилак | м.
сувотија | ж.
Сувост, сувота.
сувотува | несв.
Јаде посна и сиромашна храна; слабо се храни. Селаните сувотува оваа зима.
сувоѕидица | ж.
Ѕид од камен, немалтерисан ѕид. Куќата беше сувоѕидица.
сувчо | м.
Човек што е сув, слаб.
сугаре | ср.
За јагне, јаре, теле ‒ доцна родено. Јагне сугаре печеа.
сугарен | прид.
Што е доцна роден. Сугарно теле. Сугарно дете.
сугерира | св. и несв.
Повлијае, влијае врз нечие мислење, волја или чувства; наговори, наговара. Тој му сугерира да отвори дуќан. Лекарот сугерираше операција.
сугестибилен | прид.
Што лесно потпаѓа под сугестија, што подлежи на сугестија. Тој имаше некритично и сугестибилно мислење.
сугестивен | прид.
Што има моќ да сугерира, да влијае на мислењето и постапките на некого. Сугестивен говор.