сугестија | ж.
Влијание врз нечија волја или мислење, влијание врз однесувањето на другите, предизвикување на одредени духовни сосотојби кај други луѓе. Професорот даде сугестија проектот да се работи заеднички. Го купи тој фустан под сугестија на другарките. Се оженил под сугестија на мајка му.
суграв | прид.
Што е извиткан, усучен. Суграви мустаќи. Суграва коса.
суграда | ж.
Градба, зграда. Царска суграда.
суградица | ж.
Ситен град. Попладнево имаше суградица.
сугреб | м.
Испретана, изгребана и расфрлана земја од кучиња, пилиња и сл. По дворот имаше сугреби.
сугурен | прид.
Што е извиткан, свиткан. Пред нив одеше сугурен човек.
сугурец | м.
Нечистотија што излегува од снагата при триење; кир.
сугурчи се | несв.
За преѓа ‒ се витка, се сучи.
суд | м.
(лог.) Еден од битните елементи на формалната логика во кој, во вид на реченичен исказ, нешто се тврди или се одрекува.
Судан | м.
Држава во Африка.