суета | ж.

Копнеж за слава и почести со истакнување на сопствената личност; славољубие. Таа работи само на задоволување на својата суета. Повредена суета.

суетен | прид.

Што е исполнет со суета; славољубив. Суетна жена. Суетна душа.

Суецки Канал | м.

Вештачки канал меѓу Средоземното и Црвеното Море, во Египет.

сужен | м.

Затвореник, осуденик. Сужните ги спроведуваа до занданата.

сузбие | св.

Принуди некого на повлекување. Непријателскиот напад треба да се сузбие.

суита | ж.

Композиција од неколку музички дела обединети како едно дело за изведба.

суитен | прид.

Што се однесува на суита. Суитна изведба.

сук | м.

Подебел конец добиен со усукување на повеќе конци.

сука | несв.